МВР: 107 санкционирани возачи во Скопје

18.07.2024 08:47

На територија на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола девет санкции, 12 мерки за некористење на сигурносен појас ...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола девет санкции, 12 мерки за некористење на сигурносен појас, осум санкции за користење мобилен телефон при возење.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.