Украина-Русија

Киев и Москва разменија по 95 заробеници

18.07.2024 08:59

Русија и Украина разменија 95 воени заробеници со посредство на Обединетите Арапски Емирати ...

Русија и Украина разменија 95 воени заробеници со посредство на Обединетите Арапски Емирати, соопшти украинскиот претседател Зеленски и руското Министерство за одбрана.

„Нашиот тим ангажиран во потрагата и размената на украинските затвореници успеа да ослободи уште 95 наши луѓе од руско заробеништво. Тие се воини од вооружените сили на Украина, националната гарда и граничарите“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Битките продолжуваат. Двете страни и натаму се напаѓаат со дронови. Шефот на руската дипломатија, вели дека војната ќе заврши во оној момент кога Западот ќе запре со испораките на оружје за Украина.