Израел и Хазболах со меѓусебни закани
Израелскиот министер за одбрана изјави дека неговата земја е подготвена да постигне договор со Хезболах доколку ги повлече борците од границата ...

Израелскиот министер за одбрана изјави дека неговата земја е подготвена да постигне договор со Хезболах доколку ги повлече борците од границата, но ја предупреди либанската милитантна група дека Израел може да започне нова офанзива.
„Ако Хезболах сака да постигне договор со нас и да дојде до ситуација да ја напуштат граничната линија и областите надвор од реката, како што е предвидено со резолуцијата на ООН, ние ќе се договориме со нив. Во меѓувреме водиме ограничена војна во северниот регион. Користиме мал дел од моќта на израелската одбрана, но работите може да се променат за секунда, од главен напор на југ до главен напор на север“, изјави Јоав Галант, министер за одбрана на Израел.
Хезболах претходно соопшти дека ќе престане да се бори со Израел откако ќе биде постигнат договор за прекин на огнот во Газа.
