СТРАЗБУР

Европратениците ќе гласаат за реизбор на Фон дер Лајен за претседателка на ЕК

18.07.2024 09:06

Европскиот парламент денеска гласа за реизбор на Урсула фон дер Лајен на функцијата претседателка на Европската комисија...

Европскиот парламент денеска гласа за реизбор на Урсула фон дер Лајен на функцијата претседателка на Европската комисија. Гласањето е тајно, а за реизбор на досегашната шефица на комисијата, потребно е апсолутно мнозинство или 361 глас.

Фон дер Лајен беше номинирана за втор мандат од страна на шефовите на држави или влади на земјите членките на ЕУ на Самитот на 27-ми јуни во Брисел.

Изминатите два дена европратениците ја реизбраа Роберта Мецола за претседателка на Европскиот парламент со мандат од две и пол години, како и 14 потпретседатели.