САД

Џо Бајден позитивен на коронавирус

18.07.2024 09:06

Бајден има благи респираторни проблеми и се врати од Лас Вегас во Делавер, каде ќе биде во изолација...

Американскиот претседател е позитивен на тестот за Ковид-19, потврди Белата куќа. Бајден има благи респираторни проблеми и се врати од Лас Вегас во Делавер, каде ќе биде во изолација.

Откажани се митинзите во рамки на претседателската кампања. Од друга страна, во тек е Републиканската конвенција. За денеска е закажано обраќање на Доналд Трамп.