Венецуела

Апсења пред изборите во Венецуела

18.07.2024 09:11

Официјални лица во Венецуела го уапсија шефот на обезбедувањето на опозициската лидерка во земјата. Претседателските избори во Венецуела, на кои шефот на државата Николас Мадуро треба да се кандидира по трет пат, се закажани за 28 јули...

Официјални лица во Венецуела го уапсија шефот на обезбедувањето на опозициската лидерка во земјата, нешто повеќе од една недела пред изборите.

„Николас Мадуро ја направи кампањата заснована на насилство. Најсуровата алатка за насилство што ја користи е репресијата. Ние водиме кампања веќе тринаесет дена и веќе се уапсени 72 лица, а од денес има 24 затвореници“, изјави Марија Корина Мачадо, лидер на венецуелската опозиција.

На Мачадо и беше забрането да се кандидира против Мадуро откако победи на прелиминарните избори организирани од опозицијата минатата година. Претседателските избори во Венецуела, на кои шефот на државата Николас Мадуро треба да се кандидира по трет пат, се закажани за 28 јули.