Собрание

Седница на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците

18.07.2024 09:18

Членовите на оваа Комисија ќе продолжат со расправата по Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2023 година...

Во Собранието денеска се очекува Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците да ја продолжи втората седница. Членовите на оваа Комисија ќе продолжат со расправата по Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2023 година.

На дневен ред се и Годишниот извештај за работата на Агенцијата за администрација за 2023 година, Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2023 година и Годишниот извештај за работата на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2023 година.