Кина: Необичен метод на лечење со оган
Исцелителот става на грбот на пациентот смеса од лековити билки кои ги прекрива со дебела газа, потоа на газата става запалива течност од вода и алкохол, која се пали и гори на грбот на пациентот...

Кинеските исцелители наведуваат дека одамна е позната методата за стимулирање на акупунктурните точки на телото.
- Терапијата со оган ги надмина кинеската и западната медицина, изјави терапевтот Џанг, кој ги обучува студентите во неговиот стан во Пекинг. Еден час од оваа необична терапија чини 300 јуани (35 евра).
Терапијата се состои во тоа што исцелителот става на грбот на пациентот смеса од лековити билки кои ги прекрива со дебела газа. Потоа на газата става запалива течност од вода и алкохол, која се пали и гори на грбот на пациентот.
Според терапевтот Џанг, овој метод на лекување овозможува пациентот да одбегне хируршка интервенција.
Џанг додаде дека таквиот метод наидува на неразбирање поради стравот од изгореници и наведе дека терапевтот мора да го заштити пациентот од тоа.
Основата на терапијата со оган се состои од верување дека треба да се воспостави рамнотежа меѓу студените и топлите елементи на човечкото тело.
