МВР го уапси Блерим Рамадани, екс припадник на ОВК баран со потерница
Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека Блерим Рамадани, поранешен припадник на ОВК, е уапсен во Северна Македонија, врз основа на налог за апсење издаден од Србија...

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека Блерим Рамадани, поранешен припадник на ОВК, е уапсен во Северна Македонија, врз основа на налог за апсење издаден од Србија.
„Станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на Оперативната зона Неродиме на Ослободителната војска на Косово“, соопшти Министерството за правда на Косово.
Министерството за надворешни работи соопшти дека во овој случај се занимава и амбасадорот на Косово во Северна Македонија и дека косовските властите работат на брзо ослободување на Блерим Рамадани.
