ФИФА

Македонија на 72-ра позиција на ФИФА ранг-листа

18.07.2024 11:45

Македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг-листа се наоѓа на 72. позиција и тоа е пад за една позиција во однос на претходното рангирање...

Македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг-листа се наоѓа на 72. позиција и тоа е пад за една позиција во однос на претходното рангирање. Репрезентацијата на Грузија, сега е пред нас , која по нејзиниот историски настап на Европското првенство и пласманот во осминафиналето не прескокна. Тие сега се на 70. место.

Новиот европски шампион, Шпанија напредуваше за пет позиции и сега е на третото место зад Аргентина и Франција.