Средба на Дурмиши со постојаниот претставник на УНДП, Григорјан
Тема на состанокот беше досегашната соработка на УНДП со Министерството за економија и идната соработка со Министерството за економија и труд согласно реорганизацијата на министерствата...

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска оствари работен состанок со Армен Григорјан, постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП во Северна Македонија.
Тема на состанокот беше досегашната соработка на УНДП со Министерството за економија и идната соработка со Министерството за економија и труд согласно реорганизацијата на министерствата.
Министерот Дурмиши се заблагодари за придонесот којшто УНДП досега го даде за унапредување на одржливиот развој во Северна Македонија.
Министерот потенцираше дека УНДП е важен досегашен партнер на Министерството за економија и труд и искажа уверување дека со новите надлежности кои ќе бидат во фокус, веќе воспоставената соработка ќе продолжи и во наредниот период преку подготовка и реализација на приоритетни проекти кои имаат големо позитивно влијание врз нашата економија и условите за живот на граѓаните, справувањето со социо-економските предизвици на нашата земја и промовирањето на одржливиот развој.
Од страна на постојаниот претставник на УНДП, Григорјан беа презентирани активностите и секторите кои се во фокус на нивната работа.
Министерот Дурмиши истакна дека Министерството за економија и труд ќе биде посветено на унапредување на понатамошната соработка со УНДП во делот на економскиот раст и создавање на нови работни места како и поддршка за интеграцијата во ЕУ.
