Ребаланс на буџетот

Бауш: Буџетот не е во клиничка смрт, туку во смрт

18.07.2024 14:11

Буџетот не е во клиничка смрт, туку во смрт-вели економскиот аналитичар Абил Бауш. 325 милиони евра се обезбедени со ребалансот, а 636 милиони евра е надворешниот долг кој треба да се врати до крајот на годинава...

Потребен е природен економски раст и економска активност на компаниите, а не вештачко зголемување на платите. Има држави и со поголем јавен долг од нашиот, но тоа не се рефлектира негативно како кај нас, коментира економскиот аналитичар Абил Бауш за претставениот ребаланс на буџетот. Тој очекува економско закрепнување во последниот квартал од годинава.

Од СДСМ обвинија дека ВМРО-ДПМНЕ ја води државата кон финансиски амбис. Велат дека кога тие биле на власт успеале да го намалат буџетскиот дефицит на 3,6% и јавниот долг до 55%, за сега дефицитот да се зголеми на 4,9%, а јавниот долг на 68%.

Аналитичарот Бауш вели дека буџетот не е во клиничка смрт, како што изјави министерката Кочоска, туку во смрт бидејќи недостигаат 32 милијарди денари, а за пола година се потрошени планираните средства за до крајот на 2024-та. Со ребалансот се релоцирани 350 милиони евра од проекти со слаба реализација.

 

Александра Велинова