ДУИ подготвува законско решение за автентично толкување на Рамковниот договор
Европскиот фронт остануваат на ставот дека актуелната власт е без етнички легитимитет. Од Вреди Кусо одговараат редовен наратив на ДУИ, нема потреба од автентично толкување на рамковниот договор...

Несогласувајќи се дека се во опозиција ДУИ подготвува законско решение за автентично толкување на Охридскиот договор во контекст на „Мајскиот договор“, односно формулата правење владина коалиција победник со победник. Токму поради ова во Европскиот фронт остануваат на ставот дека актуелната власт е без етнички легитимитет. Ќе изготвуваме решение, бидејќи по вторпат се случува во нашава држава да не се почитува легитимитетот – вели Блерим Беџети.
Во Вреди не се многу загрижени за тврдењата на Европскиот фронт. Кусо одговараат редовен наратив на ДУИ, нема потреба од автентично толкување на Рамковниот договор.
И додека ДУИ обвинува за деалбанизација на институции, етнички легитимитети, Садула Дураку одби да даде изјава на македонски јазик.
Миле Ристески
