МВР

Маж се удави во Дојранско Езеро

18.07.2024 14:58

Претпладнево во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранско Езеро се удавил маж...

Претпладнево во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранско Езеро се удавил маж. Според информацијата од полицијата, машкото лице скокнало во водата од чамец, пливало неколку метри, по што се удавило. 

Засега не се соопштува идентитетот на удавениот, а повеќе детали од полицијата најавуваат за подоцна.