Груевски- Шу Шаохуа: Поддршка за реализација на инвестиции
На средбата со премиерот Груевски, вицегувернерот Шу Шаохуа, му посочил дека се заинтересирани за увоз на земјоделски производи и на месо од Македонија. Стручни тимови ќе ги дефинираат процедурите за соработка и трговска размена...

Македонија доби силна политичка поддршка од властите на Гвангдонг, за реализација на инвестициите- компании од овој регион со многу пари и бизнис, да вложуваат и да градат фабрики во државава.
На средбата со премиерот Груевски, вицегувернерот Шу Шаохуа, му посочил дека се заинтересирани за увоз на земјоделски производи и на месо од Македонија. Стручни тимови ќе ги дефинираат процедурите за соработка и трговска размена.
Провинцијата Гвангдонг е економски најбрзорастечки регион во Народна Република Кина. Таа има надворешно трговска размена од еден трилион долари во минатата година, и бруто домашен производ во вредност од над еден трилион долари.
Во неа живеат 106 милиони жители, а нејзин главен град е Гвангжоу, во кој живеат околу 10 милиони жители. Трговската размена помеѓу Македонија – Гвангдонг изнесува 20 милиони долари и постои можност за нејзино надградување и по обем и по квалитет.
