ВМРО-ДПМНЕ: Наместо празни прес конференции, Лукаревска нека одговори за аферата за лажен поврат на ДДВ
Од партијата велат дека Лукаревска го придонесе овој хаос во државава како составен дел од бандата на Заеви и нивниот хирург Филипче, додека државата се пљачкаше бескурпулозно и се цицаа парите од граѓаните.

Очигледно во СДС сè уште не се разбудени од филмот во кој беа пред изборите. Таа партија заедно со нивните наредбодавци од ДУИ ја донесоа државата до состојба на банкрот, оставајќи повеќе јавни претпријатија повеќе од 3 месеци без плата, плаќајќи во ветар 240 милиони евра за автопат кој не е ни почнат, заглавувајќи во долгови профитабилни јавни претпријатија кои сега се задолжуваат пред банки и земаат кредити да сервисираат основни обврски, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ:
Од партијата велат дека Лукаревска го придонесе овој хаос во државава како составен дел од бандата на Заеви и нивниот хирург Филипче, додека државата се пљачкаше бескурпулозно и се цицаа парите од граѓаните.
Наместо празни прес конференции да држи Лукаревска, нека одговори на граѓаните која е нејзината улога во аферата за лажен поврат на ДДВ преку кој се одливале милиони од државната каса во приватни џебови. Можеби јавноста треба да се запознае дека целата оваа афера е во надлежност на поранешната директорка на УЈП, Сања Лукаревска, велат од партијата.
