Во Лондон средба Мицкоски- Вучиќ
Разговарале за продлабочување на соработката, како и за мирот и стабилноста на регионот.
Пријателска средба со Александар Вучиќ, претседател на Република Србија во Лондон на Самитот на Европската политичка заедница, информираше премиерот Мицкоски на својот Фејсбук профил.
Разговарале за продлабочување на соработката, како и за мирот и стабилноста на регионот.
Добрососедските односи се клучен фактор за просперитет и развој на земјите од Балканот, и во тој контекст се договоривме наредниот период да продолжиме со добрата комуникација помеѓу двете земји. Економијата и трговската размена, како и подобрување во инфраструктурното поврзување помеѓу Македонија и Србија треба да бидат значаен фактор кон развивање на двете земји, стои во објавата на премиерот Мицкоски.
