Мицкоски на низа средби на Самитот на Европската политичка заедница
Премиерот Мицкоски ја предводи владината делегација на 4-тиот Самит на Европската политичка заедница...

Премиерот Мицкоски ја предводи владината делегација на 4-тиот Самит на Европската политичка заедница во Оксфорд, Обединетото Кралство.
Економската соработка, зајакнување на границите на европскиот континент и поддршка на Украина се темите на самитот. Премиерот Мицкоски ќе се фокусира на предизвиците во делот на енергетиката и економијата од аспект на регионално поврзување на балканските држави.
На средбата со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан разговарале за евроинтеграцијата и идните чекори на Унгарија како претседавач со ЕУ. Продолжување на добрата комуникација меѓу Србија и Македонија, економската соработка и трговската размена и подобрување на инфраструктурното поврзување меѓу двете земји, било тема на средбата на Мицкоски и српскиот претседател Вучиќ.
Во рамки на Самитот на Европската политичка заедница, премиерот Мицкоски се сретна со хрватскиот премиер Пленковиќ, со претседателот на Црна Гора, Милатовиќ и членот на претседателството на БиХ, Бечировиќ, каде што било истакнато дека соработката во регионот е неопходна за просперитетот на државите со подобра економска, енергетска и инфраструктурна поврзаност.
Мицкоски на средбата со претседателот Зеленски, ја повторил недвосмислената поддршка на Македонија кон Украина. На средбата со британскиот државен секретар за надворешни работи Дејвид Леми, било потврдено дека е потребна поблиска и потесна соработка за безбедносните и енергетските прашања во Европа.
Ирина Гелевска
