Серта гори девет дена, дел од жариштата локализирани
Тринаесет пожари беснеат низ земјава. Девет дена гори планината Серта. Во гаснењето вклучени авиони и ер-трактори. Пожарникарите и немоќни и изнемоштени. Донесена одлука за ангажирање на 200 армиски припадници. Сиљановска Давкова бара преиспитување на Законот за управување со кризи…

Девет дена гори планината Серта. Гаснат оние на коишто тоа им е работа, но тука во Калањево сретнавме десетина храбри луѓе коишто решија да му се спротивстават на огнот.
Кристијан Марков е доброволец од ловечкото друштво „Вардар“ од Неготино, кој од прв момент е на терен, тој е во постојано комуникација со своите колеги кои се обидуваат по копнен пат да стигнат до огнот и да му се спротивстават.
Васко Јованов е еден од нив, вели не може да гледа како огнот ја голта шумата, па одблиску се соочуваат со него.
Густи дрвја, шума трње, тешко прооден терен за луѓе. Ветерот си го прави своето, го менува правецот на огнот. Три хеликоптери истураат вода врз пламените јазици.
Претседателката потпишала одлука 200 војници да помогнат во гаснењето пожари.
Кога ќе стивнат пожарите да не се чека следното лето, да се прочита Законот за управување со кризи, да се преиспита организација да се видат слабите точки.
Наташа Јанчиќ Менковски
