Брисел
Фон дер Лајен доби нов мандат
18.07.2024 18:04
Во говорот вети дека ќе ја зајакне економијата на ЕУ, ќе се справи со миграцијата и ќе продолжи со политиките за справување со климатските промени, а истовремено ќе им помогне на земјоделците.

Урсула Фон дер Лајен доби нов мандат. Со убедливо мнозинство е реизбрана за претседателка на Европската комисија.
Во говорот вети дека ќе ја зајакне економијата на ЕУ, ќе се справи со миграцијата и ќе продолжи со политиките за справување со климатските промени, а истовремено ќе им помогне на земјоделците.
Изминатите два дена европратениците ја реизбраа Роберта Мецола за претседателка на Европскиот парламент со мандат од две и пол години, како и 14 потпретседатели.
