Македонија

Невреме со силен ветер во Скопје

18.07.2024 19:14

Попладнево невреме проследено со силен ветер, дожд и град зафати делови од земјава. Погодена беше и метрополата. Во Ново Лисиче, Аеродром и Пинтија паднати дрвја, делови немаа ниту струја...

Кратко невреме го зафати попладнево Скопје, проследено со дожд и силен ветер. Во одредени реони како Аеродром и Ново Лисиче снемало струја, а дел од семафорите не работат.

Во одредени делови на Скопје дел од улиците се поплавени, а поради паднати гранки од дрвја, на повеќе места има застој во сообраќајот.