Свет

Продолжуваат нападите со дронови меѓу Киев и Москва

18.07.2024 20:07

Шефот на руската дипломатија вели дека војната ќе заврши во оној момент кога западот ќе запре со испораките на оружје за Украина.

На фронтот во Украина битките продолжуваат. Киев и Москва и натаму се напаѓаат со дронови. Шефот на руската дипломатија вели дека војната ќе заврши во оној момент кога западот ќе запре со испораките на оружје за Украина.

Русија и Украина разменија 95 воени заробеници со посредство на Обединетите Арапски Емирати, соопшти украинскиот претседател Зеленски и Министерството за одбрана на Русија.