Свет

Во израелски напад на Либан убиен водач на Сунитска исламска група

18.07.2024 20:31

Израелскиот министер за одбрана изјави дека се подготвени да постигнат договор со Хезболах доколку ги повлечат борците од границата.

Во напад на израелско беспилотно летало во Либан, недалеку од сириската граница е убиен водач на Сунитска исламска група, објавија либанските државни медиуми.

Израелскиот министер за одбрана изјави дека се подготвени да постигнат договор со Хезболах доколку ги повлечат борците од границата.

Водачот на милитантната група претходно соопшти дека ќе престане да се бори со Израел откако ќе биде постигнат договор за прекин на огнот во Газа.