Невреме
Се санираат штетите од невремето што го зафати вчера Скопје
19.07.2024 08:39
Се санираат штетите од невремето, проследено со дожд и силен ветер, што вчера попладне зафати делови од Скопје...

Се санираат штетите од невремето, проследено со дожд и силен ветер, што вчера попладне зафати делови од Скопје. Во одредени општини беа поплавени куќи и улици, а имаше и паднати дрвја и бандери.
Два 110-киловолтни далековода, кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“, беа без напон, поради што синоќа дел од Скопје остана без електрична енергија, соопштија од електродистрибуција.
