Пожари

Сè уште алармантна ситуацијата со пожарите

19.07.2024 09:00

Целосна мобилизација на МВР во спречување и справување со огнените стихии-отворена оперативна акција „Пожар 2024“.

Иако дождот помогна да згаснат неколку жаришта, состојбата со пожарите во земјава и натаму алармантна. Сè уште се активни 13.

Целосна мобилизација на МВР во спречување и справување со огнените стихии-отворена оперативна акција „Пожар 2024“. Армиските објекти на Криволак се безбедни и не се во опасност од пожарите, потврдија од Генералштабот.

Поради непристапниот терен, на Серта се дејствуваше од воздух. Во гаснењето вклучени уште 200-те армиски припадници и 30 припадници на ЕБР. И претседателката Силјановска-Давкова на терен во неготинско.