Мицкоски на Самит на Европска политичка заедница
Премиерот Мицкоски на Самит на Европската политичка заедница во Лондон. Остварени повеќе билатерални средби со европски државници, но и од соседството...

Премиерот Мицкоски на Самит на Европската политичка заедница во Лондон. Остварени повеќе билатерални средби со европски државници, но и од соседството.
Меѓу главните теми и енергетската независност. На кратката средба со украинскиот претседател Зеленски, шефот на македонската влада ја потенцирал недвосмислената поддршка на Македонија кон Украина и украинскиот народ. Нашите односи се базираат на вистинско пријателство, од каде произлегуваат принципи, вредности и разбирање, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Главен приоритет на Македонија и на новата македонската влада претставуваат добрососедските односи и конечно наоѓање трајно и одржливо решение за проблемот којшто го имаме со нашиот источен сосед, порача Мицкоски.
