Македонија

Николоски-Лосон: Велика Британија е долгогодишен партнер на Македонија

19.07.2024 09:10

Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски остварил работна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, на која се разговарало за актуелните состојби меѓу двете земји, а акцентот бил ставен на економската соработка и инвестициите, вклучувајќи ги и односите на сојузништвото во НАТО алијансата...

Заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски остварил работна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, на која се разговарало за актуелните состојби меѓу двете земји, а акцентот бил ставен на економската соработка и инвестициите, вклучувајќи ги и односите на сојузништвото во НАТО алијансата.

Како што денеска соопштија од Министерството за транспорт и врски, на средбата министерот Николоски информирал и за капиталните проекти што се реализираат во инфраструктурата.

– Македонија и Велика Британија отсекогаш негувале добри билатерални односи.

Имајќи предвид дека Велика Британија е еден од поголемите инвеститори во Македонија, особено се значајни економските релации.

Го информирав амбасадорот дека ни претстои силна инвестициска активност во делот на инфраструктурата, но разговаравме и за целокупните состојби во државата како и за соработката меѓу двете земји, истакнал министерот Николоски.

Министерот Николоски изразил благодарност за досегашната соработка и ја нагласил потребата одинтензивирање на таквата соработка во дејностите од заеднички интерес за двете земји.