Србија

Германскиот канцелар Шолц во посета на Белград

19.07.2024 09:36

Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа пристигна во посета на Белград, а на аеродромот „Никола Тесла“ го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ...

Германскиот канцелар Олаф Шолц синоќа пристигна во посета на Белград, а на аеродромот „Никола Тесла“ го пречека претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Вучиќ претходно вчера се сретна со Шолц на отворањето на четвртиот Самит на Европската политичка заедница во Лондон.

Тој најави дека денеска во Белград ќе има билатерална средба со Шолц и оти ќе разговараат и за европскиот пат на Србија, политичките односи, развојот на економијата, а со ЕУ ќе биде потпишан и меморандум за разбирање во врска со минерални суровини.

Вучиќ на новинарите во Лондон им рече дека ќе се разговара и за агендата за раст и планот за реформи, како и за приклучување кон единствениот европски пазар.