Демократи бараат Бајден да се повлече од претседателската трка
Поранешниот претседател Барак Обама приватно им изразил загриженост на демократите за кандидатурата на претседателот Бајден...

Поранешниот претседател Барак Обама приватно им изразил загриженост на демократите за кандидатурата на претседателот Бајден, а спикерката Ненси Пелоси приватно го предупредила дека демократите би можеле да го загубат капацитетот да ја преземат контролата во претставничкиот дом доколку тој не се повлече од трката.
Белата куќа објави дека Бајден е во самоизолација и продолжува да работи откако доби позитивен тест за коронавирусот за време на предизборните активности во Невада, што го принуди да се врати дома во Делавер. Досега само 20 од 264 демократи во конгресот го повикаа Бајден да се откаже од реизбор, по неговиот слаб настап во соочувањето со Трамп во јуни. А, Доналд Трамп ја прифати претседателската номинација на синоќешната Републиканска национална конвенција.
