Израел

Голема експлозија од дрон во Тел Авив, едно лице загина

19.07.2024 09:54

Едно лице загина, а осуммина се повредени, по силната експлозија во близина на филијала на американската амбасада во Тел Авив, соопшти израелската спасувачка служба...

Едно лице загина, а осуммина се повредени, по силната експлозија во близина на филијала на американската амбасада во Тел Авив, соопшти израелската спасувачка служба.

Повредените се пренесени во болница. Според информациите, околните згради биле оштетени. Причината за експлозијата засега е нејасна. Непотврдени медиумски извештаи сугерираат дека експлозијата можеби е резултат на напад со дрон.

Израелската војска соопшти дека го истражува инцидентот.