„Мајкрософт“ со глобален технички проблем, настана хаос во светот
Глобален технички проблем со „Мајкрософт“ го парализираше светот. Погодени се банки, авиокомпании, железничката мрежа, медиуми. И наши банки известија за потешкотии ...

Дел од институциите во земјава се соочуваат со технички проблеми поради глобалниот прекин на услугите на „Мајкрософт“. Дел од банките веќе ги известиле граѓаните за настанатата состојба поради која електронското и мобилното банкарство не се достапни.
„Се соочуваме со глобален технички проблем и поради тоа електронското и мобилното банкарство на банката привремено не се достапни. Непречено може да ги користите картичките и банкоматите на банката. Работиме напорно и посветено на решавање на проблемот. Ви благодариме на разбирањето“, пишува во пораката од Прокредит банка.
Во светот е хаотично јавуваат светските медиуми бројни институции и компании меѓу кои аеродроми, банки, болници, супермаркети и медиумски куќи, пријавиле технички дефекти што им предизвикуваат потешкотии. Би-би-си, пренесе дека сè поголем број извештаи сугерираат дека компанија за сајбер безбедност Crowdstrike, која произведува антивирусен софтвер, издала ажурирање на софтверот што ги блокирало уредите со Windows, предизвикувајќи го феноменот познат како „синиот екран на смртта“ на компјутерите.
Аеродромите во САД, Сиднеј, Берлин и Амстердам и компанијата „Ер франс“ пријавија технички проблеми, по што ги одложија летовите.
Британскиот медиум Sky news објави дека не може да ја емитува својата утринска програма поради технички дефект. Поради дефект на софтверот, паднал и онлајн системот на британскиот здравствен систем слично е и во Хрватска.
Фиљана Кока
