Пожари

Пожарите на Серта и натаму активни

19.07.2024 13:27

Огнените жаришта во штипскиот регион на Серта од утринава се гасат од воздух. Во Селце и Драгоево се прават земјени насипи и обрачи за да се контролира движењето на огнот. Општината бара помош од соседните противпожарни единици, но и од бизнис секторот и локалното население.

Во Штип денеска нема чад откако синоќа граѓаните буквално се гушеа. Пожарот се доближи на неколку километри над селата Селце, Драгоево и Пиперово. Таму заседаваше и Кризниот штаб. 
 
Славица Величковска известува од Штип.