Лондон

Премиерот Мицкоски на средба со кралот Чарлс Трети

19.07.2024 13:30

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Лондон се сретна со Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс Трети...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Лондон се сретна со Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс Трети.

„На средбата разговаравме за повеќе важни прашања, вклучувајќи ги билатералните односи меѓу двете земји и можностите за натамошна соработка во различни области. Оваа средба претставува значајно признание за Македонија и е потврда за зајакнатата соработка и пријателство со Обединетото Кралство“ објави Мицкоски на Фејсбук.