Пожар битолско

Пожарот кај Битола е ставен под контрола

19.07.2024 13:55

Состојбата на теренот со пожарот во атарот на Буково и кон стрежевскиот канал е стабилизирана. Но, и натаму постои опасност од негово ширење. Денеска продолжи гаснењето од воздух...

Со помошта на воздухопловите, синоќешниот дожд, мобилизацијата на жителите на село Буково и доброволци како и сето она што е во рамките на Општинскиот кризен штаб спречено е остварувањето на најцрното сценарио кое од вчера попладнето сериозно се закануваше.

Мештаните на селото Буково сè уште под шок. Велат одамна не паметат психички и физички по исцрпувачка ноќ.

Маријан Филковски кој учествувал во гасење на стотици планински пожари, цело деноноќие крстареше по огнените жаришта со вработени во јавните претпријатија и дел од доброволците. Вели длабоко е убеден дека и оваа огнена стихија е последица на човечки фактор, но сега најважно е што е заштитен и делот од националниот парк Пелистер.

Од Кризниот штаб внимателни. Последната констатација е дека пожарот е пред целосно локализирање и ликвидирање. Но овој пат и понатаму се останува на терен, додека не биде неутрализирано и најмалото сомнително жариште.

 

 

Стевче Митревски