ЈП „Национални шуми“

ЈП „Национални шуми“ во очајна кондиција

19.07.2024 14:19

Новото раководство на „Националните шуми“ затекнало неликвидно претпријатие, но Трајанов за МТВ вели – добиле уверување од Владата дека со ребалансот на Буџетот ќе има пари за плати на вработените, а ќе сервисираат и дел од долговите за да не останат без гориво, струја и со неплатени сметки...

Лоша финансиска состојба, блокирана сметка, долгови тешки десетина милиони евра. Новото раководство на „Националните шуми“ затекнало неликвидно претпријатие, но директорот Трајанов за МТВ вели – добиле уверување од Владата дека со ребалансот на Буџетот ќе има пари за плати на вработените, а ќе сервисираат и дел од долговите за да не останат без гориво, струја и со неплатени сметки.

Штом се згаснат пожарите, шумарите ќе ги проценат штетите, ќе го исчистат и подготват теренот за нови садници. Колку дрвна маса е уништена засега нема точни бројки, но Трајанов вели дека последиците по биодиверзитетот се огромни.

Трајанов вели дека човечки фактор е најчест причинител за шумските пожари. Според првичните проценки, само на планината Серта изгорела шума на површина од шеесетина хектари.

 

Анита Димитријевска – Велковска