Невреме

Жителите на Општина Аеродром по 12 часа мрак, добија струја

19.07.2024 14:20

Краткото, но интензивно невреме во Скопје направи сериозни проблеми. Жители на Аеродром по 12 часа во мрак конечно добија струја...

Во моментов е мирно и тивко, ама со штета зад себе. Ваква е сега сликата откако, повеќе од 12 часа делови од Скопје останаа без струја поради невремето проследено со силен ветер и град. Најпогодени беа Аеродром, Ново Лисиче и Автокоманда.

Според „Електродистрибуција“, причина за ваквата состојба се двата 110-киловолтни далновода кои ги снабдуваат трафостаниците „Аеродром“ и „Исток“. Граѓаните се жалат – почнале да им се расипуваат и домашните апарати.

Екипите на „Електродистрибуција“ цела вечер работеле на отстранување на дефектот.

Освен во Аеродром, лошо беше и во Гази Баба.

До Центарот за управување со кризи, пристигнати рекорден број пријави за еден куп паднати дрвја, бандери, над 20 оштетени покриви, поплавени домови и уништени возила.

 

 

Борис Грујоски