Изборот на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците ја вжешти атмосферата во Собранието
Кавги во Собранието. Атмосферата ја вжешти изборот на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците...

Кавга на пратениците од албанскиот блок кој за што се залага и кој чиј слуга е. Илире Даути од Европскиот фронт бараше точката за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците на Комисијата за избори и именување да е прва иако точката се одложи бидејќи немаше делегирано членови од партиските координатори. Но таа го вмеша и Законот за бранители обраќајќи се кон Хаил Снопче од Вреди по што следуваа препукувања кој претходно гласал за дневен ред овој закон да се најде на седница.
Од останатите точки апанажа им е одобрена на поранешните министри Фатмир Бесими, Крешник Бектеши и Кренар Лога. Членот на ДИК, Бобан Стојановски е нов заменик генерален секретар на Собранието, а поранешната генсек која замина во пензија Цветанка Иванова ќе добие и отпремнина.
Миле Ристески
