Пожари и понатаму беснеат на повеќе локации, се гасне и од копно и од воздух
Дождот помогна во справувањето со огнените стихии. Но, дел од пожарите и натаму беснеат. Огнот на Серта во неготинско под контрола, кај Калањево и Криволак опасноста е отстранета. Тешко е во штипско, а гори и на Огражден. И денеска се гаснеше и од копно и од воздух, но денеска ситуацијата е далеку подобра ...

Дојава за пожар кај Башин мост ги мобилизираше пожарникарите од Велес. Дејствуваа брзо на терен што е непристапен за возила. Постоеше опасност целиот рид брзо да пламне.
Се гасне од копно и воздух во велешко. Пожарот на планината Серта е ставен под контрола. По десет дена борба, во Калањево конечно е мирно, а проблемот сега е од штипска страна.
Првиот човек на Центарот за управување со кризи е задоволен од брзата реакција на пожарникарите на новите жаришта што се појавуваат.
Дождот не ги изгасна сите пожари, но за дел помогна да бидат ставени под контрола. Пожарникари, доброволци се на терен, а се гасне и од воздух. И додека на Серта е мирно, продолжи да гори на Огражден.
Наташа Јанчиќ - Менковски
