Македонија

Министерот Минчев оствари средба со НСДА

19.07.2024 15:37

Како што информираат од Министерството, на средбата се истакна состојбата и предизвиците со кои синдикалните организации се соочуваат, а во насока на подобрување на стандардите и условите на вработените во јавната администрација.

Во рамки на денешните работни активности, Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со претседателот на Независниот синдикат Државна администрација (НСДА), Горан Ристески.

Како што информираат од Министерството, на средбата се истакна состојбата и предизвиците со кои синдикалните организации се соочуваат, а во насока на подобрување на стандардите и условите на вработените во јавната администрација.

Министерството за јавна администрација посветено работи и се залага кон остварување на главните приоритети на оваа институција, пред се градење на партнерски однос со сите засегнати страни и во функција на соработка со синдикатите со цел постигнување на функционален социјален дијалог.