Македонија

Македонска државјанка загина во сообраќајна несреќа во Србија

19.07.2024 17:05

Сообраќајката се случила вчера попладе во близина на населеното место Палојце, откако возач загубил контрола над автомобилот и ја пробил заштитната ограда на автопатот.

Жена од Македонија загина во сообраќајна несреќа во Србија. Сообраќајката се случила вчера попладе во близина на населеното место Палојце, откако возач загубил контрола над автомобилот и ја пробил заштитната ограда на автопатот.

Загинатата е млада жена од Македонија. Повредени се нејзиниот сопруг, две деца на возраст од две и четири години, како и една постара жена.

Едно од децата е пренесено во болница.  Македонското семејство се враќало од одмор во Словенија.