СРБИЈА
Ликвидиран Фатон Хајризи, убиецот на српскиот полицаец
19.07.2024 18:42
Тој бил пронајден од специјална антитерористичка единица.

Во близина на Лозница е ликвидиран, Фатон Хајризи, убиецот на српскиот полицаец – соопшти Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Тој бил пронајден од специјална антитерористичка единица. По Хајризи се трагаше интензивно, откако ноќта на 18-ти јули, во Липнички шор го убил полицаецот Никола Крсмановиќ и го ранил полицаецот Вјекослав Илиќ.
Инцидентот предизвика нови тензии на релација Белград-Приштина.
