Македонија

Апанажа и за Бесими, Бектеши и Лога

19.07.2024 19:48

Одлуката за апанажа денеска беше изгласана од членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Поранешните министри за финансии и за економија, Фатмир Бесими и Крешник Бектеши, во следните 12 месеци ќе добиваат апанажа поради престанокот на нивниот работен однос во Владата. Нивниот колега од поранешната влада, министерот за правда Кренар Лога, апанажа ќе добива во наредните девет месеци, бидејќи пократок период ја извршувал функцијата.

Одлуката за апанажа денеска беше изгласана од членовите на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Со тројцата поранешни министри кои ќе добиваат апанажа се надополнува листата на која веќе се Бојан Маричиќ, Јетон Шаќири и Наим Бајрами.

Минатиот месец 29 пратеници од минатиот парламентарен состав добија одобрение од собраниската Комисија за избори и именувања да земаат апанажа.