САД

Бајден се враќа на предизборните активности следната недела

19.07.2024 20:22

Бајден е цврсто посветен да го победи поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Американскиот претседател Бајден ќе се врати во предизборната кампања следната недела, по самоизолацијата поради благи симптоми на Ковид-19, изјави денеска шефицата на неговиот изборен штаб Џен О’Мали Дилон.

Таа рече дека Бајден е цврсто посветен да го победи поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Таа посочи дека загриженоста што луѓето ја изразуваат мора да се сфати сериозно, но начинот да се надмине е, како што рече, „да се вратиме на работа за да го победиме Доналд Трамп“.