САД

Трамп: Ќе ставам крај на војната во Украина

20.07.2024 09:11

Доналд Трамп изјави дека имал „многу добар“ телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, повторувајќи дека ќе стави крај на војната во Украина дури и пред да ја преземе функцијата во јануари, доколку победи на изборите на 5 ноември...

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека имал „многу добар“ телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, повторувајќи дека ќе стави крај на војната во Украина дури и пред да ја преземе функцијата во јануари, доколку победи на изборите на 5 ноември.

Тој посочил дека Украина и Русија ќе можат да преговараат за мировен договор кој „го става крај на насилството и го отвора патот кон напредок“.