Британска вечер на „Охридско лето“
Дипломатските вечери на најпрестижната културна манифестација во земјава, фестивалот „Охридско лето“, и годинава ја потврдуваат и продолжуваат успешната културна соработка на земјава со амбасадите. Во катедралната „Света Софија“ се одржа Британска вечер. Публиката уживаше во прекрасната изведба на пијанистот Бери Даглас...

Музиката ги зближува народите. Во катедралната „Света Софија“ се одржа Британска вечер. Публиката уживаше во прекрасната изведба на пијанистот Бери Даглас.
Дипломатските вечери на најпрестижната културна манифестација во земјава, фестивалот „Охридско лето“, и годинава ја потврдуваат успешната културна соработка на земјава со амбасадите.
„Искрено мислам дека односите помеѓу нашите две земји никогаш не биле посилни. Фасцинантно е што во Охрид гледаме британски гости насекаде низ градот. Бев овде два пати изминативе две недели и гледам се повеќе Англичани, сакаме да имаме поголема размена на туристи“, изјави Метју Лонсон, британскиот амбасадор.
Дипломатските вечери во рамките на фестивалот „Охридско лето“ се традиција препознаена од фестивалската публика како можност да се присуствува на квалитетен музички настан кој носи симболика за промоција на заедништво и просперитет.
„Музиката и културата се особено важни во градењето на меѓусебните односи помеѓу Обединетото Кралство и С Македонија. Ова е само првиот настан кој Британскиот совет ќе го поддржи во следните месеци. Ќе го поддржиме и модниот викенд во Скопје, Економската конференција на есен и Министерството за култура во градењето нова стратегија презентирајќи ги најдобрите практики од ОК“, изјави Клер Сирс, директорка на Британскиот совет.
64-то издание на најреномираната културна манифестација во земјава, фестивалот „Охридско лето“, доби рекордна поддршка од 13 амбасади.
Соња Рилковска
