Израел

Нови воздушни напади на Појасот Газа

20.07.2024 14:12

Најмалку 13 лица загинаа во трите израелски воздушни напади во централна Газа кои беа извршени во текот на ноќта ...

Најмалку 13 лица загинаа во трите израелски воздушни напади во централна Газа кои беа извршени во текот на ноќта. Биле погодени два бегалски кампа, повредените биле транспортирани во болницата „Ала Акса“.

Во централна Газа во тек се оплакувања на жртвите од војната којашто почна лани на седми октомври со нападот на Ал Хамас и убиствата на околу 1.200 луѓе во јужен Израел.

Според територијалното министерство на Појасот Газа, во израелската офанзива досега биле убиени речиси 39 илјади луѓе.