Избори

Спреј наместо мастило: Иницијативата на Каракамишива на Уставен суд

04.07.2014 16:39

Укинувањето на видливото бележење на палците со мастило при гласање на избори ќе биде суштинско за развој на демократијата и за почитување на човековите права и слободи на граѓаните. Универзитетската професорка Тања Каракамишева до уставниот суд достави иницијатива за да се укине овој член од уставот кој доби огромна подршка кај јавноста. Спореде неа, граѓаните се дискриминирани, а тајноста на гласањето е нарушена ...

Анализата што ја направила професорката Каракамишева покажала дека граѓаните биле дискриминирани, а нивното достоинство и човековите права и слободи погазени. Според неа, ова е тест за македонската демократија бидејќи со фломастерот гласањето веќе не е тајно.

„Врз основа на видливото бележење се јасно жигосани дека излегле на избори и го оствариле своето избирачко право, но и оние граѓани кои одлучиле врз основа на своето политичко право да не го остварат избирачкото право, и тие се ставени во една дискриминирачка положба, така што е повреден моралниот интегритет на секој граѓанин“, вели професорката Тања Каракамишева- Јовановска.  

1.000 граѓани ја поддржаа иницијативата. Меѓу нив еминенти професори, јавни личности и новинари.

Граѓаните имаат високо развиена свест за тоа кога им се повредени човековите права и слободи, кога треба да реагираат и на кој начинда го остварат тоа“, додава професорката Каракамишева- Јовановска.

Доколку граѓаните мора да се бележат при гласањето на избори, тогаш Каракамишева бара да се врати бележењето со спреј, што според неа е подемократски.

Викторија Тодоровска