Пожари

Пожарот во штипскиот регион на Серта сè уште е активен

20.07.2024 16:25

Борба со пожарите во штипскиот регион на Серта се води и денес. Еден крак е активен, на потегот кај селата Селце и Драгоево, а огнот се шири кон ловиштето каде гори дабова шума, смрека и нискостеблеста вегетација. Се интервенираше и од земја и од воздух. Вчера имаше пожар и на влезот во Штип ...

24 пожарникари, исто толку припадници на армијата, вработени во Македонски шуми, членови на Ловното друштво „Лисец“ и месно население, денес се борат со пожарите на Серта близу Селце и Драгоево. Ноќеска имаше силно димење близу Драгоево и теренот цела ноќ го контролираа жители од Селце и Пухче и екипа од ловното друштво. Непроспиена ноќ имаа и дел од жителите во штипската населба Пребег.

Со огнот неколку часа се бореа и пожарникарите и жителите.

Сувата вегетација и високите температури ја зголемуваат опасноста од пожари. Жителите од оваа населба, велат дека честите пожари овде се резултат на неисчистените јавни површини од сува трева и грмушки.

 

 

Славица Величковска