Мицкоски: Работиме за граѓаните и државата
Ребалансот обезбедува пари за пензии и плати. Премиерот обвинува за состојбата на државната каса што ја наследил …

Ќе направиме се да го подобриме животот на граѓаните ветува премиерот Мицкоски по обвинувањата на опозицијата дека ребалансот кој влегува во собраниска процедура е неразвоен. Шефот на владата во низата проекти го најавува и враќањето на персоналниот данок од претходната година на родилките. Веќе во сериозни разговори е изградбата на Клиничката болница во Штип и болницата во Кичево. Направивме многу за кусо време затоа опозицијата се занимава со нас.
Во здравството кратиме онаму каде што треба, а не на товар на граѓаните. Нема да дозволам богатење на грбот на болните вели, Мицкоски.
Од политичкиот дел Мицкоски вели, во Лондон средбата со бугарскиот претседател Радев била куртоазна, но нагласи дека уставните измени може да се со одложено дејство бидејќи на секој нов политичар во Бугарија може да му текне да испорачува нови барања, а земјава досега многу отстапки направила.
Миле Ристески
