Судири на палестинците со израелската војска во Ерусалим
Исламистичката организација Хамас, понуди запирање на ракетните напади врз израелската територија доколку Израел ги запре своите воздушни напади...

Не престануваат тензиите во Израел. Судири на палестинците со израелската војска во источен Ерусалим. Во крајно напната атмосфера денеска беше погребан 17-годишниот Мохамед Абу Кдаир од Палестина, кој беше киднапиран и убиен, веројатно во знак на одмазда поради кидирањето на тројцата еврејски тинејџери на Западниот Брег.
„Се плашиме за безбедноста на нашите деца, можат да бидат киднапирани“ вели жителка на источен Ерусалим.
„Состојбата е многу лоша, децата се плашат да излезат надвор, се плашат од воздушните напади. Состојбата во Газа е многу лоша и се плашиме за нашата безбедност“ вели жител на појасот Газа.
Исламистичката организација Хамас која управува со појасот Газа, понуди запирање на ракетните напади врз израелската територија, доколку Израел ги запре своите воздушни напади. Во меѓувреме засилени безбедносните меркии поради празникот Рамазан. Воведени се и рестриктивни мерки за присуство во верските објекти.
„Лошо е. Ескалираат и двете страни и може да стане многу полошо за кратко време,“ оценува Анат Берман, студент од Израел.
Активистот на ПФЛП, Али Џеда, за зголемените тензии го обвинува Израел, за што вели „проблемите ќе се зголемуваат. Ќе страдаме уште повеќе. Виновни се окупаторите.“
Марија Петковска
